Во земјава, досега со крвна плазма досега се третирани 1.431 пациенти со ковид.
Според Институтот за трансфузиологија, досега се обезбедени вкупно 1.732 единици конвалесцентна плазма за третман на пациенти заразени со ковид-19, од кои 157 единици се собрани преку аферезна процедура, а останантите единици конвалесцентна плазма се обезбедени преку стандардно дарување.
Што значи конвалесцентна плазма?
Преку даруваната конвалесцентна плазма, антителата на оздравените пациенти се користат во сузбивање на болеста кај друго лице со ковид-19.
За некое лице да биде дарител на конвалесцентна плазма треба да има документиран лабораториски доказ дека било болно од ковид-19, да биде минимум 21 ден без симптоми, по што се прави дополнителен тест за потврда дека нема присуство на вирус.
Секој што сака да дарува тоа може да го направи во Институтот за трансфузиона медицина.