Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип

Утре стартуваат парламентарните и вториот круг од претседателските избори. Гласаат болните и изнемоштени лица во домашни услови. За првиот круг до ОИК во Штип беа поднесни и усвоени 158 барања и истите не мораа да поднесуваат ново барање, зашто им важи и за вториот круг, а во меѓувреме се пријавија и нови.

-Согласно роковникот на ДИК, бидејќи до 30-ти април беше поднесувањето за парламентарните избори за гласање дома. Имаме поднесено 54 такви пријави, од кои ОИК прифати 50, а 4 одби, зашто не беа со соодветна документација, односно, упатството на ДИК- изјави Виктор Вацев, претседател на ОИК

Има и посебни правила за самиот ден на изборите, зашто ќе има две гласачки кутии на избирачките места.

-Членовите на избирачкиот одбор се должни да го прашаат секој избирач дали сака да гласа за парламентарните или за претседателските избори или пак сака да гласа за двата вида избори и при тоа да му укажат на тоа дека има право само еднаш да пристапи на избирачкот место, додаде Вацев

Во текот на утрешниот ден ќе се гласа и во штипскиот Затвор. Таму на избирачкиот список има евидентирано 203 гласачи од 40 општини. Во првиот круг на гласање излегле 144 или 71% од осудените лица.

Претходна вестГалески објасни што значи концептот „Македонија повторно твоја“, им одговори на СДСМ и ДУИ
Следна вест300 милиони луѓе го гледале интервјуто на Вучиќ за кинеската телевизија