Над 200 возачи казнети во Скопје

При сообраќајна контрола на улиците низ Скопје, во текот на вчерашниот ден повторно се забележани голем број на прекршоци направени од страна на возачите. Од изречени 201 санкција од кои педесет и четири се за пребрзо возење, девет за возење без возачка…

– Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден изрече вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 54 санкции, 9 за возење без возачка дозвола, 6 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 9 мерки за користење мобилен телефон при возење, 5 санкции за некористење сигурносен појас, 6 за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, се вели во соопштението од МВР.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.  Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Претходна вестНа планетата ѝ се заканува „фосфогедон“, Нема живот на Земјата без фосфор
Следна вестЧовек во бела мантија ги плаши кавадарчани