Голема песочна бура мина низ кинескиот главен град Пекинг и другите покраина на северот на земјата, со што беа опфатени околу 409 милиони луѓе, наведе кинеското министерство за шуми, пренесе весникот на англиски јазик „Глобал Тајмс“. Песочната бура во Кина дошла од југот на соседна Монголија.
Освен Пекинг бурата ги погоди и другите северни покраини, вклучително и Внатрешна Монголија, Хеилонгцианг и Ксинџијанг, наведе министерството.
Метеоролошкиот центар забележува дека северот на Кина веќе се соочи со повеќе песочни бури, отколку што се забележани во просек во изминатите десет години.
Индексот на квалитетот на воздухот во Пекинг во вторникот утрото сѐ уште изнесувал околу 900, со исклучително висока концентрација на PM10 честичките и со облак од прав над главниот град, кој дури подоцна бил растеран од ветровите.