Над стотина градоначалници и голем број претставници на меѓународни организации учествуваа на Годишниот самит на Глобалниот парламент на градоначалници што денеска се одржа под домаќинство на Градот Скопје, насловен „Моќни, инклузивни и грижливи градови: Обезбедување на демократија и развој со генерациите кои доаѓаат“. На самитот свое обраќање имаше и генералниот секретар на Конгресот за локални и регионални власти на Европскиот Совет, Метју Мори, кој ја спомна важноста на младината во општеството.
– Младите луѓе се поривот за промени во нашите општества, во нашите градови и внатре во меѓународните организации. Тоа наша одговорност и ваша одговорност, да има ја дадете таа моќ што ја заслужуваат, рече Мори, додавајќи дека Конгресот на Европскиот Совет ја применува оваа промена и веќе десет години вклучува млади луѓе во нивната работа.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, им посака добредојде на сите присутни. На Годишниот самит на Глобалниот парламент на градоначалниците, што трае три дена, покрај меѓусебните средби, се одржуваат и панел дискусии и пленарни сесии поврзани со теми од локалната самоуправа.