Најдено оружје при два претреса во Синѓелиќ

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје денеска по добиена судска наредба, извршија претрес во два објекти во населба Синѓелиќ.

-При претрес во домот на К.И. пронајден е пиштол со една рамка и два куршуми, а при претрес на возило „Голф“, кај М.И., пронајден е пиштол со една рамка и 14 куршуми. Во врска со овој случај приведени се А.И. и Б.И. и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави, информира полицијата.

 

Претходна вестСе пофалија со расчистување на картон-населбата под Железничка, но оставија купишта отпадоци
Следна вестМедицинари од интернистичките гранки на испомош во Инфективна