Најголемите модни компании во ЕУ под истрага

Француската полиција е вклучена во истрагата на антимонополската агенција на ЕУ за прекршување на правилата на европските луксузни компании, објави полициски портпарол. Европската комисија денеска соопшти дека антимонополската агенција извршила рација во неколку компании од модниот сектор во неколку земји од ЕУ, но не ги наведе имињата на компаниите кои потенцијално ги прекршиле правилата.

Ројтерс во средата објави дека седиштето на Гучи во Милано, во сопственост на Керинг, било претресено од даночната полиција и претставници на антимонополската агенција на ЕУ, како дел од истрагата.

Портпаролот на полицијата, на прашањето дали француските компании биле цел на инспекциите на ЕУ, кусо одговори дека „истрагата е во тек“, одбивајќи да даде повеќе детали.

Претходна вестКапитенот на одбојкарската репрезентација на Македонија, Ѓоргиев освои уште една титула
Следна вестВо Пустец одржана промоција на „Буре барут” на авторот Дуковски во превод на албански јазик