Најмалку 20 загинати во вториот бран експлозии на воки – токи уреди во Либан, јапонската фирма се оградува

Најмалку 20 лица загинаа, а повеќе од 450 се повредени во вториот бран експлозии на уреди за безжични комуникации во Либан што се случи вчера, соопшти Министерството за здравство, пренесе Би-би-си.

Тоа се случува во завчерашниот втор бран експлозии, еден ден по серијата смртоносни експлозии на пејџери на членови на проиранската група Хезболах.

Воки-токи користени од членовите на милитантната група Хезболах експлодираа во јужните предградија на главниот град Бејрут, долината Бека и јужен Либан – области кои се сметаат за нејзини упоришта. Некои од експлозиите се случија за време на погребите на некои од 12-те лица за кои Министерството соопшти дека биле убиени во експлозијата во вторникот. Хезболах го обвини Израел за нападот.

Израел не коментираше. Нападите се случија кога израелскиот министер за одбрана Јоав Галант најави „нова фаза во војната“ и кога дивизијата на израелската армија беше префрлена на север.

Од друга страна, се огласи јапонската форма „Иком“, која кажа дека уште пред десет години претстанала да произведува воки-токија, исто како и батерии за нив. Таа соопшти дека моделот „ИЦ-В62“ бил извезуван на Блиски Исток од 2004 до 2014 и оттогаш не бил испорачуван. Од компанијата кажаа дека воки-токија што експлодираа вчера можеби и не се нејзин производ, туку некоја копија.

 

Претходна вестКабинетот на Радев: Цивилизираноста на новата влада на РСМ допрва ќе се оценува
Следна вест„Вреди“за „балансерот“: Одлуката на Уставниот суд нема да смени ништо за правата на Албанците, ама ја покажува лошата намера