Најмалку пет лица убиени во Торонто

Најмалку пет лица загинаа, а едно е рането во престрелка во предградие на Торонто, во источна Канада. Ова го соопшти утринава канадската полиција.

-Се верува дека осомничениот напаѓач е убиен во пресметката со полицијата која дошла на повик за помош, изјави за новинарите шефот на локалната полициска служба.

Во моментот на нападот, жртвите биле во неколку станови во зградата во населбата Вон, на триесетина километри северно од Торонто. Истрагата за убиствата е во тек.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: Седум причини зошто е урнисано судството кое СДС и ДУИ го расцветаа до крај
Следна вестПромоција на избраните дела во десет томови од Раде Силјан