Налепниците НМК на табличките со три броја ќе се лепат пред имињата на градовите

Налепниците НМК коишто наскоро треба да се стават на регистарските таблички ќе се стваат на сите таблички кои се во употреба. Ова значи дека новите ознаки ќе се налепувата и на оние таблички на коишто нема ознака МК, туку само имињата на градовите.

Ова за „Скопско ехо“ го потврдија од МВР.

– Со измената на правилникот ќе се предвиди можност на сите регистарски таблички кои ја содржат буквената ознака МК, на местото на кое е поставена ознаката МК, да се стави налепница на која е испишана национална ознака НМК. На постарите регистарски таблички со три броја, кои не ја содржат буквената ознака МК, ќе се предвиди можност за ставање на  налепница со испишана национална ознака МК на просторот пред местото каде е испишано регистрационото подрачје, ни изјавија во Министерството.

Оттаму додаваат дека за операционализација на наведениот предлог за употреба на налепниците Министерството за внатрешни работи веќе подготвува измена на Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за издавање на пробните таблички, формата и содржината на регистарските таблички и на пробните таблички на возилата, како и начинот и постапката на нивно издавање.

Претходна вестЈа претепал невенчаната сопруга, ја принудил на секс и ја снимал
Следна вестПри контрола на Бит Пазар, две од пет менувачници работеле на црно