Намалена видливост поради магла на два планински премини во земјава

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози. Намалена видливост до 50 метри поради појава на магла има на планиските премини Ѓавато и Страцин.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Претходна вестПроменливо облачно, претпладне со магла по котлините
Следна вестНовата сириска влада: Жените можат да се облекуваат како сакаат, личната слобода на сите им е загарантирана