Наместо згради, кај ГУЦ ќе има парк

Општина Карпош денеска преку соопштени информира дека се избришани четири маркици за згради на државно земјиште во Деталниот урбанистички план во делот околу гимназијата „Здравко Цветковски“, кој денеска е на Дневен ред на седницата на Совет.

Со новиот ДУП се бришат две згради предвидени за градба на државно земјиште и просторот се наменува за парк.

Исто така, со новиот ДУП кој денеска е пред советниците се бришат уште две маркици  во истиот блок за згради – објекти за домување (П+7+ПК и П+7) и истите добиваат намена В1 – државни институции (П+6).

Објектот кој е предвиден за државни институции и е во висина од 32 метри,  ќе биде за потребите на Институтот за социолошки и политички истражувања, Академијата за судии и јавни обвинители, Заводот за урбанизам, како и други институции. Оттука, целосно е лажна информацијата дека ќе се гради објект за домување од 32 метри.

 

Претходна вестЈавниот повик за првата фаза за „Бас рапид транзит“ до 15 септември, најави Шилегов
Следна вестСкопје се повеќе ми заличува на голем трговски центар со копии на секој чекор