Напад со нож на железничка станица, извикал „Алаху Акбар“ и избодел 17-годишно момче

Белгиските власти уапсија маж кој пред неколку дена нападна млад човек со месарски нож на железничката станица Брисел-Југ. Против него е покренато обвинение за однапред испланиран напад, пишува „Брисел тајмс“.

Имено, во вторникот наутро,  маж ненадејно со нож нападнал 17-годишно момче и во таа прилика извикал „Алаху акбар“. Тој го пресекол тинејџерот и го избодел неколку пати, а тоа го покажува и видеото кое се појави на социјалните мрежи.

Тинејџерот се здобил со повреди, но тие не се опасни по живот.

Недолго по инцидентот, напаѓачот (18) бил уапсен и приведен, а обвинителите изјавиле дека нападот се случил како последица на претходен конфликт меѓу двајца млади момчиња.

Претходна вестОрбан блокираше воена помош на ЕУ за Украина од 500 милиони евра
Следна вестДојранско Езеро порасна за 3 сантиметри, што ќе се прави со Преспанското?