Нападнала мајка и дете, имала и нож со себе

Едно женско лице е лишено од слобода поради напад на мајка и дете ноќеска во Ѓорче Петров, соопшти полцијата.

МВР информира дека на 08.04.2023 во 01:15 часот на ул.„Борис Сарафов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода Д.Т.(41) од Скопје.

-Причина е што околу 23:00 часот на 07.04.2023 физички ја нападнала М.М.Љ.(48) од Скопје и нејзиниот малолетен син и затоа што кај неа бил пронајден нож, се наведува во соопштението.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Претходна вестЕВН: Непознати лица од село Грчец предизвикаа хаварија, имаше и насилно влегување во енергетски објекти
Следна вестТежок судар кај Кавадарци: Повредени четири лица, меѓу кои и 12-годишно дете