Сопственик на фабрика во тетовско пријавил дека бил нападнат од едно лице кое му се заканувало и со огнено оружје. Напаѓачот дошол со уште три други лица.
– Триесет и едногодишниот Ф.Ш. од тетовски Порој вчера во 16:30 часот во СВР Тетово пријавил дека еден час пред тоа во неговата фабрика во атарот на тетовско Добарце, едно лице физичко го нападнало и му се заканило со огнено оружје, информираат од МВР.
Напаѓачот со уште три други лица претходно пристигнале во фабриката со возило со скопски регистарски ознаки, а нападот бил поради одредени деловни недоразбирања.