Нападнат вработен во казино со тврд предмет во Скопје

Вработен во казино во Скопје бил нападнат со тврд предмет. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

– На 29.08.2023 во СВР Скопје било пријавено дека околу 21.20 часот во казино на бул.„Јане Сандански“, едно лице со тврд предмет го нападнало вработениот и одзело пари од дневниот промет, соопшти МВР.

Увид на местото бил извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестПратениците се враќаат на работа: Сега ќе и тргне на Македонија на подобро?
Следна вестДелови од Ѓорче, Карпош и Гази Баба денеска без струја