Напаѓачи го претепаа претседателот на ФФМ кај Градски парк

Првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија Муамед Сејдини бил нападнат од повеќе маскирани лица во Скопје. Нападот се случил откако Сејдини кој бил во ресторан во Градскиот парк тргнал кон својот автомобил, а таму го чекале маскираните напаѓачи.

По нападот, насилниците избегале во правец на кејот на реката Вардар.

МВР го потврди нападот врз претседателот на ФФМ.

-На 27.09.2024 околу 18.40 часот М.С. (55) од Кичево, пријавил дека пред угостителски објект во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, кои при нападот немале маски на главите, по што се оддалечиле. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за расчистување на случајот, појаснуваат од полицијата.

Претходна вестРуски беспилотни летала го нападнаа Киев: Украинската воздушна одбрана ги уништи
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески