разоткриен обид за шверцување на мигранти. Имено, вчера шеесет и четири мигранти биле откриени во камион на регионалниот пат Валандово – Струмица, соопшти МВР.
Околу 19 часот на влез во Струмица полициски службеници забележале камион „Ивеко дејли“ со скопски регистарски ознаки за кој имале информација дека превезува мигранти. Возачот го застанал возилото и избегал.
Во камионот имало 64 мигранти од Бангладеш. Тие се сместени во ПТЦ-Винојуг во Гевгелија за понатамошна постапка.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.