Направи ли Владата анализа зошто треба кај нас да „светне“ универзитетот Св. Св. Кирил и Методиј?

По најавата дека најголемиот македонски универзитет Св. Кирил и Методиј (УКИМ) ќе добие конкуренција во бугарски клон со многу слично име, негативните реакции не престануваат. Стигнуваат од секаде: професори, студенти, самиот ректор на постојниот универзитет… Но од Владата до овој момент нема најави дека отворањето на бугарскиот клон Св.Св. Кирил и Методиј нема да се случи.

Ќе „светне“ ли универзитетот Св. Св. Кирил и Методиј или власта ќе се откаже од идејата? Има ли владата направено анализа што се добива, а што губи од отворањето на овој бугарски универзитет во Македонија? Што тој ќе понуди различно од постојниот? Зошто македонски универзитет во исто време не отвори свој клон среде Софија? Многу клучни прашања немаат одговор, а мора да се објаснат…

Инаку, денеска Македонија го празнува денот на светите браќа… За нас, Македонците, тие  се многу важни како основачи на првата словенска азбука – глаголицата, но и како учители и просветители. Св. Кирил и Методиј во основата на глаголицата ги поставиле јужномакедонските говори од околината на градот Солун.

Претходна вестБројот на заразени падна на 37, но на починати не мрда под 15 – има ли крај ова?
Следна вестГран при на „Литературни искри“ за штипјанката Фросина Тасевска