Направиле сообраќајка, полицијата им најде пиштоли во автомобилот

Во притвор се ставени две лица откако полицијата во превртениот автомобил најде два пиштола за кои немале дозвола. Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против еден косовски и еден македонски државјанин, кои се осомничени за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Двајцата, во патничко возило „Фиат браво“ со косовски регистарски ознаки, неовластено држеле пиштол марка „Црвена застава“ со една рамка во која имало 4 куршуми со калибар 6.35 мм, како и пиштол „Erma werke“. Оружјето било пронајдено на 10 октомври кога двајцата осомничени со возилото учествувале во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Тетово-Јажинце. Во несреќата возилото излетало од патот и се превртело, осомничните со телесни повреди биле пренесени во болница, а при извршениот увид полициските службеници го пронашле оружјето во возилото.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Судијата го прифати предлогот и им определи притвор во траење од по 30 дена.

Претходна вестОд ноќеска на полноќ: Дизелот поевтинува за два денара
Следна вестЕден од најбогатите луѓе предупредува: Доколку продолжат сегашните трендови граѓанската војна во ЕУ е неизбежна