Поради напукнат бетонски столб на мост на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес, поточно помеѓу железничките станици Кукуричани – Градско (во близина на Стоби), железнички сообраќај на овој патен правец целосно е во прекин од 15:25 часот, (и патнички и товарен), но патничкиот сепак се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз, соопшти денеска Центарот за управување со кризи, повикувајќи се на информации од Македонски Железници
-Конкретно, од Скопје возовите ќе сообраќаат до Градско, додека од Гевгелија ќе сообраќаат до Криволак. Од наведените железнички станици (Градско и Криволак), патниците се превезуваат со автобуски превоз. Експерти од Градежниот Факултет во Скопје, во текот на денешниот ден е планирано да излезат на терен за да извршат увид на состојбата, информираат од ЦУК.