Кривична пријава за предизвикување стечај на банка до Јавното обвинителство против поранешни одговорни лица Еуростандард банка, поднела денеска Народна банка. Во соопштението несе наведува на кои се лице се однесува пријавата.
-Имајќи го предвид членот 181 од Законот за банките, со којшто се нормира кривичното дело – Предизвикување стечај на банка, Народната банка до Јавното обвинителство има поднесено кривична пријава против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај. Истовремено, до Јавното обвинителство, Народната банка предложи и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите, соопшти Народната банка.
Народната банка во август ѝ ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка поради неисполнување на минималните услови за работа.