Народниот правобранител: Трошоците за нови документи треба да ги сноси државата

Трошоците за нови документи треба да ги сноси државата, изјави Народниот правобранител Насер Зибери, на денешната прес-конференција. Тој истакна дека имало повредување на правата на граѓаните бидејќи не можеле да извадат лична карта и државјанство во дадениот законски рок, но и поради тоа што граѓаните морале да ја платат ова услуга.

– Неможноста во дадениот законски рок сите граѓани да ги сменат личните исправи за што се создаде голема редица во просториите во кои се издаваат, а за што МВР беше принудено да отвори дополнителни пунктови. За жал, тој процес тешко се одвива и Министерството тешко дека ќе стигне навреме да ги задоволи сите барања, рече Зибери.

Тој вели дека укажал на неколку наврати дека трошоците треба да ги сноси државата кога граѓаните поднеле барање за нови исправи, а им биле издадени со стариот образец по стапување во сила на измените на Уставот.

 

Претходна вестПоднесен обвинителен акт за случајот „Феникс“ со перење пари за леење на 11 споменици од проектот „Скопје 2014“
Следна вестСончево, претежно тивко и релативно топло