Денот на вљубените во 2046 година би можел да биде ризичен за човештвото бидејќи токму тогаш голем астероид би можел да удри во Земјата. Според НАСА веројатноста е мала, поточно еден спрема 560 но сепак постои.
Сите досега забележани астероиди блиску до Земјата, следени од НАСА, не претставуваат никаква опасност за Земјата, но сега е откриен првиот кој е вклучен во официјалната листа за мерење на ризикот од судир со Земјата.
НАСА известува дека има мали шанси астероид со големина на базен да удри во Земјата на 14 февруари 2046 година. Проекциите на Европската вселенска агенција покажуваат дека шансите споменатиот астероид да удри во Земјата во 2046 година се еден спрема 625, но проекциите на НАСА велат дека шансите се малку повисоки односно еден спрема 560.
Потенцијално опасниот астероид е наречен „2023 DV“ од НАСА и е единствениот вселенски објект рангиран како еден од десетте на списокот за опасност од удар. Астероидот кој првпат беше забележан на 2 февруари годинава, е со дијаметар од 50-ина метри.