Нашите граѓаните, кои се вакцинираа против ковид-19 во Србија или во која било друга земја, може да ги внесат своите податоци во нашиот систем на кој било од вакциналните пунктови во земјава.
Со тоа ќе им бидат признаени странските сертификати во нашиот систем и ќе можат да добијат европскиот сертификат како што е случај со оние што се вакцинирале во земјава.
Причината зошто треба физички да дојдат, како што објасни денеска министерот Филипче е да се дадат веродостојни податоци и да им се потврди идентитетот дека се навистина тие граѓани што се пријавуваат.
Тој вели дека вакцинираните во странство нема потреба повторно да патуваат за да примаат трета доза, туку на ваков начин може да ја добијат третата доза и кај нас.
Комитетот за имунизација, како што претходно соопшти Филипче, препорача трета доза за: сите граѓани над 60 годишна возраст; сите здравствени работници без разлика на возраста; сите пациенти што имаат имунокомпромитирана состојба, без разлика на возраста. Таа треба да се прими најмалку шест месеци по вакцинирањето со втората доза.