Насилство на плажа: охриѓанец нападнал сограѓанин и малолетничка

На плажа на брегот на Охридското Езеро, во текот на вчерашниот ден приведен е А.Д.(32) од Охрид.

Тој претходно физички ги нападнал К.Л.(28) од Охрид и малолетничка од Македонски Брод.

Бил агресивен и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија, велат од МВР.

Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Претходна вестСДСМ: Папагалски лаги, Лефков и ВМРО-ДПМНЕ да престанат да лажат за Филипче
Следна вестСончево и многу топло, максималната температура до 40 степени