Насилство во Грчец: Го грабнале па го претепале поради наводен долг

Четириесет и шестгодишниот М.М. од селото Шемшево, вчера околу 13.45 часот бил грабнат со автомобил од страна на четири лица, кои му се заканиле со огнено оружје, соопшти полицијата.

МВР информира дека лицето потоа било однесено во скопското село Грчец.

-Потоа го однеле во куќа во с.Грчец и физички го нападнале барајќи му да врати наводен долг, по што му одзеле 500 евра. Околу 21.00 часот со возило го оставиле во с.Добарце, наведе полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

Претходна вестУсвоен приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила
Следна вестКавадарчанец го запалил сопствениот стан