Министерот за правда Бојан Маричиќ денеска најави дека наскоро ќе се воведе ново кривично дело во однос на безбедноста на сообраќајот – „Безобзирно управување со моторно возило“.
Со него се пропишува затворска казна и до 3 години, а доколку има смртни последици казната најмалку 4 години затвор.
Во однос на ублажувањето на казните и условна осуда за тешки дела во сообраќајот што беше случај повеќепати изминатиот период, министерот за правда најави дека ќе иницира дебата во рамките на Работна група и тоа во однос подобрување на законските решенија и елиминирање на можните злоупотреби во ова насока, како и анализа на примената на постојните одредби од страна на судовите и Јавното обвинителство, секако во однос на кривичните дела поврзани со загрозување на безбедноста во сообраќајот.