Наставата во новата учебна година во најголем дел ќе се одвива он-лајн, а учениците од прво до трето одделение наставата ќе ја следат во училиштатата. Но, ќе има и одредени исклучоци од ова, изјавија пред малку министрите за здравство Венко Филипче и за образование Арбер Адеми. Исл
-Учениците од прво до трето одделение наставата ќе ја следат во училиштата со физичко присуство. Но и тука се можни исклучоци. По барање на родителите и овие ученици може наставата да ја следат он-лајн за да се сочува здравјето на лица кои во семејствата се хронично болни и постари. За сето ова ќе треба согласност на родителите, изјави министерот Адеми.
Вториот исклучок се однесува на училишта во кои има мал број на учениците.
-По барање на основачот – општините, може да се упати барање да се дозволи образовниот процес да биде со физичко присуство на учениците. И за ова ќе се бара согласност од родителите. Ова треба да го одобрат МОН и Влада зависно од епидемиолошката состојба во регионот, рече тој.
Филипче објасни дека во вакви оделенија не треба да има повеќе од 20 ученици.
-Учениците ќе треба да бидат оддалечени 1,5 метри, да не излегуваат надвор на одморот и да има десет минути разлика меѓу смените на учениците за да не се среќаваат, рече Филипче.