Наставник физички нападнал ученик, добил кривична пријава

Физички напад врз ученик е причина за поднесување на кривична пријава против наставник од село Броштица во општина Центар Жупа, соопшти полицијата.

– Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „малтретирање во вршење на службата“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.М.(62) од селото Броштица, општина Центар Жупа, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.

Тој додаде дека С.М. на 17 месецов во 8:50 часот, во просториите на подрачното основно училиште каде бил наставник, физички нападнал ученик, го застрашувал и навредувал.

Подрачното училиште во село Броштица функционира во рамки на Општинското основно училиште „Мустафа Кемал Ататурк“ – Центар Жупа, а настава следат ученици од прво до деветто одделение.

Претходна вестТешко повреден мотоциклист во Скопје
Следна вестПриведени крадци во Тетово