Министерот за здравство Арбен Таравари вчера именуваше нови в.д. медицински директори во повеќе јавни здравствени установи, за дел од нив беше познато пред официјалното соопштение.
За в.д директор на Универзитетската клиника за уво нос и грло е именуван Игор Камшикоски, на Универзитетската клиника за дерматологија Катерина Дамевска, на Универзитетскиот институт за радиологија Соња Николова, на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство Ирена Алексиоска-Папастиев, а на Универзитетската клиника за ендокринологија, дијабетес и метаболични нарушувања Танер Хасан.
Нови в.д. директори се именувани и на Универзитетската клиника за психијатрија каде оваа функција ќе ја извршува Славица Арсова-Хаџиангелковска, на Универзитетска клиника за гастроентерохепатологија Мери Трајковска, на Универзитетската клиника за нефрологија Никола Ѓоргиевски, на Универзитетската клиника за ревматологија Емилија Сандевска, а на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација функцијата в.д. директор ќе ја врши Злате Мехмедовиќ.
Министерот Таравари го именуваше Небојша Настов за в.д. директор на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ и д-р Арѓент Муча на Општа болница „Д-р Ферид Мурад” Гостивар.