Научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ од 15 август до 5 септември во Охрид

Меѓународна научна конференција на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржува од 15 август до 5 септември во Конгресниот центар во Охрид. По пауза заради короната, оваа година повторно се враќаат традиционалните манифестации, односно летната школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при УКИМ, со настава и предавања во живо.

До сега своето учество го потврдиле 40-ина нови и стари, непознати и помалку или повеќе познати учесници од 15 земји во светот, што во најголем дел се должен на вложеноста на лекторите по македонски јазик во лекторатите на странските универзитети, како и на професорите/предавачите македонисти и слависти на странските универзитети.

Учесниците ќе имаат можност да слушаат лекторска настава со вкупен фонд од 55 часа, како и 13 предавања од врвни специјалисти и познавачи на творештвото на Блаже Конески од повеќе аспекти, но и да проследат неколку културни настани. Значајно е да се издвои дека на 3 септември ќе се одржи и 48-та Меѓународна научна конференција на која покрај домашни, ќе учествуваат и 20 странски излагачи.

Се на се, околу 80 македонисти, слависти и балканисти ќе ги изложат своите истражувања на тема „100 години од раѓањето на Блаже Конески – стожер на македонскиот јазик, литература и култура“.

Претходна вестСо која уставна или законска одредба е оправдано гостите да мора да се вакцинирани, а келнерите и готвачите не?!
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Нема потреба од партиска предизборна парада при економска и здравствена криза, рамковниот договор е завршена работа