Темен режим Режим на светлина

Со претставата „Отело“ во вторник се затвора фестивалот „Стоби“

„Отело“, претставата во режија на Нина Николиќ, односно копродукција на Македонскиот народен театар и нивните колеги од Зеница од Босна и Херцеговина, ќе биде изведена на 17 август – на последниот ден од Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“.

Сепак, заради комплексноста на преставата истата ќе се игра во велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“.

Изведбата ќе биде на два јазика, македонски и босански.

Премиерата на ваквиот формат на „Отело“ беше изведена на 16 ноември 2019, а пред скопската публика на 4 декември 2019 година.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Бектеши едно, Инспекторатот друго: Зошто граѓаните се излажани дека нема да бидат казнувани невакцинираните?

Следна објава

Многу граѓани со едногласно „не“ за вакцинирање под притисок - ќе има ли Владата слух за нив или останува на своето?