Темен режим Режим на светлина

Реконструкција на „Самараџиска“ и уште пет улици во Старата скопска чаршија

Реконструкција на „Самараџиска“ и уште пет улици во Старата скопска чаршија Реконструкција на „Самараџиска“ и уште пет улици во Старата скопска чаршија

Почнува реконструкцијата на улицата „Самарџиска“, како и на уште пет помали улици во Старата скопска чаршија, најавија од општина Чаир.

Оваа улица порано била срцето на занаетчискиот живот во чаршијата, но повеќе од 50 години немало никаква интервенција на неа.

Проектот предвидува враќање на автентичниот изглед преку поставување калдрма од травертин, а паралелно со обновата на улиците, ќе се спроведе и модернизација на подземната инфраструктура, што вклучува поставување оптичка мрежа, нов водоводен и канализациски систем, како и обновување на електричната мрежа – зафати кои не биле реализирани со децении.

Во рамки на проектот ќе се постави и ново улично осветлување во традиционален стил, урбана опрема како клупи и корпи за отпадоци, со цел просторот да стане пофункционален, но и поатрактивен за граѓаните и туристите.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Реконструкција на „Самараџиска“ и уште пет улици во Старата скопска чаршија

Отстранети нелегално поставените тезги на влезот во Старата скопска чаршија

Следна објава
Дел од НАТО земјите одбија учество во блокадата на Ормутскиот теснец

Дел од НАТО земјите одбија учество во блокадата на Ормутскиот теснец