Почна традиционалната меѓународна ликовна колонија „Ѓуриште 2021“

Почна меѓународната ликовна колонија „Ѓуриште 2021“, во Свети Николе, па уметници од повеќе земји и Македонија ќе творат во реонот на градот.

-И годинава колонијата има меѓународна димензија со учество на ликовни уметници не само од нашата држава, туку и од Србија и Црна Гора. Вкупно 13 уметници, наредните денови ќе творат на подрачјето на општина Свети Николе и зад себе ќе остават 26 ликовни творби кои јавноста може да ги види на изложбата организирана по повод денот на ослободувањето на Свети Николе 14-ти Септември, вели градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски.

Претходна вестМарин се фали за „Лазо Ангеловски“, но аеродромци извисија за „Димитар Македонски“
Следна вестНе научија што е тоа одговорност