Темен режим Режим на светлина

Зоран Љутков добитник на наградата за најдобра машка улога на фестивалот „Стоби“

Актерот Зоран Љутков е добитник на наградата за најдобра машка улога на осумнаесетиот по ред интернационален фестивал на античка драма „Стоби“. Заслугата е заради улогата на Силен во претставата „Орестија”.

За оние кои не знаат, се работи за копродукциска претстава на велешкиот Народен театар „Ј Х К-Џинот” и МОБ.

– Зоран Љутков во улогата на Силен се карактеризира со суверено и зрело мајсторство во сите сегменти на ликот реализирани прецизни актерски, пејачки и танцови партитури низ кои со неверојатна леснотија се претставени психоемотивните нијанси од драматичното во комичното со што неговиот лик несомнено станува актерски столб на целокупната театрологија „Орестија”, објаснуваат од жири- комисијатана фестивалот.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Убаво е да се има станица за кабаст отпад, уште поубаво е да се празни редовно

Следна објава
Блокиран патот Куманово – Крива Паланка по сообраќајка

Две жени тешко повредени во превртениот автомобил кај езерото „Младост“