Научниците загрижени- сателит во орбита стана најсветол објект на ноќното небо

Најсветлиот објект видлив на ноќното небо повеќе не е ѕвезда или планета, туку сателитот „BluWalker 3“, објавија научниците од Меѓународната астрономска унија (IAU). Научниците, вклучително и астрономите од Центарот за заштита на темно и тивко небо од сателитски влијанија, објавија студија во списанието Nature во која детално го оценуваат влијанието на сателитот „BlueWalker 3“ врз астрономијата.

Надоврзувајќи се на првичните проценки по лансирањето, новите резултати го зголемуваат разбирањето за тоа како овој необичен сателит ја менува светлината со текот на времето. Бидејќи компаниите планираат да испратат повеќе такви сателити во орбитата, ја нагласуваме важноста на проценките пред лансирањето. BluWalker 3 беше лансиран во ниската орбита на Земјата на 10 септември 2022 година како прототип за идно јато од повеќе од 100 слични сателити за мобилни комуникации. Веднаш по лансирањето, стана јасно дека овој сателит е меѓу најсветлите објекти на ноќното небо. Сепак, со цел подобро да се разбере неговото влијание врз астрономијата, започна кампања на набљудувања од опсерватории ширум светот, од Чиле, Мексико и Нов Зеланд до Холандија и Мароко – се вели во соопштението на IAU.

Во текот на 130 дена колку што бил забележан сателитот, забележан е драстичен скок во неговата осветленост, што е во согласност со проширувањето на антените, се додава.

– Влијанието на сателитите врз астрономијата стана сè поважно прашање во последните неколку години – рече Сангита Нандакумар, главен автор на студијата и истражувач од Институтот за астрономија на Универзитетот во Атакама, Чиле.

Еден од деловите на сателитот се одвоил од него во еден момент и достигнал привидна магнитуда од 5,5, што е четири пати посветло од препорачаната привидна магнитуда од 7.

– Овие резултати го демонстрираат трендот на лансирање на поголеми и посветли сателити, што е особено загрижувачки бидејќи има многу повеќе планови за лансирање на слични вселенски летала. Иако овие сателити можат да играат улога во подобрувањето на комуникацијата, императив е да се минимизира нивното негативно влијание врз научното набљудување на небото – вели Зигфрид Игл, коавтор на студијата и професор на Универзитетот во Илиноис во Шампејн-Урбана.

Од IAU најавија дека ќе продолжи да го следи сателитот „BlueWalker 3“.

Претходна вестИлон Маск се уште најбогат на светот
Следна вестРевизорите во битолската болница: Акцеларатор за болните од карциноми повеќе од 10 години стои неупотребен