Во следните два дена времето ќе биде претежно ведро со ниски утрински температури, кои на повеќе места ќе бидат некој степен под нулата. Од четврток облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе преовладува умерено, на места значително облачно време со постепен пораст, особено на утринските температури. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла, соопштија од УХМР.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен претпладне. Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени.
Вo Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен југоисточен ветер.