Навивач на Марсеј, започна да штрајкува со глад барајќи клубот да го отпушти Леонарди Балерди. Балерди извесно време е на удар на навивачите на Олимпик Марсеј, а еден од нив сега отиде чекор подалеку од вообичаените критики и започна штрајк со глад барајќи 24. годишниот аргентински стопер да го напушти клубот.
Викендов, Марсеј одигра 2:2 со Стразбур, откако прими голови во 88. и 89. минута. Балерди на тој натпревар одигра само 30 минути, а потоа беше исклучен.
– Веќе не можеме да те издржиме, „Балерди, заминувај од клубот“, „Штрајкувам со глад, дајте му отказ на Балерди“, „Не те сакаме повеќе“, „Оди си кловну“, ова се пораки што ги објави околу себе барајќи клубот да ја раскине соработката со Аргентинецот.
Навивачот вели дека не прави ништо лошо, само сака Балерди да престане да игра за Марсеј и вистински фудбалери да играат во клубот.