Приведени се двајцата насилници кои истепаа девојка среде кафуле во Гостивар. Напаѓачите се приведени во полициска станица веднаш по нападот.
– Лицата Д.И. (27) и Ф.И. (22) од Гостивар биле пријавени од девојката К.Ѓ.(27) од гостиварско село дека во угостителски објект на улицата Илинденска во Гостивар физички ја нападнале, велат од МВР.
Тие се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот.