Скопското Јавно претпријатие „Комунална хигиена“ ги повика граѓаните да не ги расфрлаат насекаде искористените заштитни маски бидејќи тоа не само што ја загадува средината, туку пред се е сериозен ризик за здравјето на нивните вработени.
На нивната Фејсбук странца денеска се објавени фотографии за тоа како граѓаните се однесуваат со искористените маски, кои висат на контејнерите или се расфрлани околу нив.
Од Јавното претпријатие велат дека отпадот од заштитна опрема се третира како комунален отпад и граѓаните слободно смеат да го фрлаат во корпите за отпадоци, но не и да ги расфрлаат, бидејќи сепак се работи за потенцијално контаминиран отпад.
Сега на потег сме сите ние, да покажеме до каде ни е јавната свест.