Не го користеле сигурносниот појас: Полицијата им „врза“ казни на 22 возачи

Некористењето на сигурносен појас, сигурно, е еден од најчестите сообраќајни прекршоци што ги прават возачите не само на скопско подрачје. Иако со тоа најмнгоу се загрозува сопствената безбедност, дел од возачите упорно не сакаат да се врзуваат со него во текот на возењето. Полицијата вчера поради овој прекршок им изрече казни на 22 возачи на скопското подрачје.

Инаку, вчера на територија на град Скопје изречени се вкупно 354 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 107 санкции.

Имало и 27 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл и пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.

-Изречени се 15 санкции за користење мобилен телефон при управување возило и пет санкции за минување на затворен сигнал – црвено светло…, соопшти полицијата.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

 

Претходна вестПендаровски ќе врачи медали на заслужни спортисти
Следна вестВработен во Шумско внесувал лажни податоци, на тој начин украл над 6 милиони денари