Не се плашат од полицијата: 38 лица возеле без возачка дозвола

Само на територијата на град Скопје вчера се изречени вкупно 257 мерки, меѓу кои 38 за возење без возачка дозвола, соопшти денеска МВР.

Возењето без возачка дозвола станува вообичаена работа за многу лица во Скопје. Изгледа не се плашат од полицијата и од можноста да бидат казнети. Затоа МВР мора поревносно да ги лови овие „диви“ возачи.

Инаку, во информацијата за засилените акциски контроли во сообраќајот МВР наведе и тоа дека се казнети и 29 возачи за технички неисправни и нерегистрирани возила а имало и 11 санкции за управување под дејство на алкохол и 34 за неносење заштитна маска.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.

Претходна вест16-годишник со „БМВ“ удри во ѕид, совозачот тешко повреден
Следна вестФилипче: Mожна е забрана за културни настани и порано затворање на кафеаните