На граничниот премин Промахонас (Кулата) при влез од Бугарија во Грција, во два одвоени случаи биле уапсени четири лица кои се обиделе да влезат со фалсификувани потврди за негативен ПЦР тест.
Според медиумите во Грција станува збор за бугарски државјани, а од грчката полиција потврдиле дека вакви потврди се откриени кај тројца мажи и една жена, кои се превезувале во две возила.
На почетокот на неделава шестмина наши државјани беа фатени со вакви фалсификувани потврди од ПЦР тестови со кои сакале да влезат во Бугарија.