На територија на град Скопје изречени се вкупно 174 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 93 санкции, Соопшти денеска МВР за вчерашните контроли.
Имало и осум мерки за возење без возачка дозвола и 10 санкции за возење под дејство на алкохол.
-Изречени се и шест мерки за користење мобилен телефон, три санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло)…, соопшти МВР.
Засилените акциски контроли продолжуваат.