Недостигаат онколози и патолози, најавен мораториум за други специјализации

Веројатно ќе треба да се направи мораториум за одредени специјализации и да им дадеме предност или да ги мотивираме докторите да специјализараат онкологија или патологија, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари. Тој објасни дека има информација дека не се повеќе од 50 онколози низ целата држава, што е мала бројка за државата, а истото важи и за патолозите.

-Ќе подготвиме специјален извешај за дефицитетот на кадар, како медицински сестри, технички кадар и доктори на Клиниката за онкологија, но и што поскоро да ги активираме амбулатите во Тетово, Битола и во болницата „8-ми Септември“, со што би се намалил притисокот на оваа клиника, најави Таравари откако ја посети Клиниката за онколигија заедно со Сашо Клековски, директорот на Фондот за здравствено осигурување.

Според него, приоритет засега ќе и се даде на оваа клиника.

-Следниот период како министер ќе инсистрирам да се дозволат вработувања, да не ги преоптоваруваме вработените. И така цела Македонија гравитира само тука. Се работи за 100 лежечки пациенти и 50 амбулантски пациенти. Идната недела ќе имаме конкретни барања од Клиниката, а потоа заедно со директорот на Онкологија да седнеме со министерката за финасии и да побараме, да вршиме притисок, да дадеме приоритет за вработувања на оваа клиника, за да може да се функционира. Вака и за пациентите е тешко, но и за кадарот е претешко, рече Таравари.

Најави дека е потребна стратегија за специјализација, а за тоа како што рече ќе се сретне и со деканот на Медицинскиот факултет, со цел да најдат начин да ги мотивираат докторите да специјализираат области кои се дефицитарни.

-Веројатно ќе треба да се направи мораториум за одредени специјализации и да им дадеме предност или да ги мотивираме докторите да специјализараат онкологија или патологија, рече министерот за здравство.

Претходна вестМицкоски на Самитот на НАТО оди со тројца министри
Следна вестПретставата „Кенди“ и концерт на камерно трио вечерва на „Скопско лето“