И кај нас има лица кои по прележувањето на ковид имаат тнр. постковид симптоми, вели министерот за здравство Венко Филипче.
Тие се различни, но главно се срцеви или белодробни проблеми.
Клиниката за пулмологија е таа што е референтна да ги прима, анализира, соодветно третира доколку треба постковид пациентите. Филипче вели дека не се работи за некој значаен наплив на пациенти и нема притисок кон Клиниката за пулмологија, но има пациенти кои се јавуваат за преглед.
Тој рече дека тие кои се јавуваат на преглед и кои кажуваат некои од карактеристичните знаци за постковид состојбата, како што е манифестација на белите дробови или некаква последица на срцевата акција, некаква фиброза, сега се повеќе се анализираат и во светот и кај нас, но дека е многу рано да се зборува за типични постковид компликации или последици од болести.