Неколку пожари во кумановско

Пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Куманово гаселе пожари на четири различни локации во поширокиот кумановски регион, информираа денеска од регионалниот центар за управување со кризи.

Сува трева и стрништа гореле на „Никуљски пат“ во Куманово и во атарот на село Ваксинце во општина Липково во попладневните часови. Кумановските пожарникари ноќва интервенирале и на опожарено стрниште во близина на асфалтна база, спроти мотел Романовце на магистралниот патен правец Куманово-Скопје. Екипи на „Национални шуми“ гаселе пожар во близина на липковското село Никуштак.

Претходна вестГевгеличанец фатен со 387 штеки цигари и тутун
Следна вестБројот на загинати од поплавите во Либија може да достигне 20 илјади