Некултурно ќе биде Скопје да не го подготват за Европска културна престолнина

За пет години, во 2028 година, Скопје ќе ја има честа да биде Европска престолнина на културата. Тоа, секако, е убава работа и достигнување. Но тоа сека е и голема обрска.

Дали македонската метропола ќе биде средена како што треба за овие 5 години? Има многу работи кои не се како што треба.

Да, Скопје има и многу работи со кои може да се пофали, има богата историја и културно творештво, традиција. Ама…

Не треба Владата и Град Скопје да се залажуваат дека со тоа што е добиена честа, работата е завршена.оа е доволно. Доволно е само да се погледна во каква состојба се нашите објекти врзани за културата. Реконструкцијата на Универзалната сала трае со години и никако да заврши. Сега работите околу неа ги презела Владата, но и тоа не е гаранција дека се ќе се заврши оти многу работи има за правење.

Музејот на Град Скопје во Стара железничка станица одамна плаче за реконструкција која чека на завршувањето на објектите и сообраќајни решенија на големото градилиште кое ќе се прави уште неколку години.

Обновата му е потребна и на Музејот на Македонија, а кој бил во Куршумли ан, Капан ан, Старата чаршија видел дека се веќе во загрозувачка состојба. Подновувањето им треба и на културните домови по градот, на галериските простори, да не збориме за просторите во кои работат културно – уметнички друштва и уметници воопшто, за тоа во каква состојба ни се спомениците по градот, фасадите на објектите…

Состојбата во која е Аквадуктот да ја споменеме ли? A нечистотијата по улиците и некултурата на многу скопјани?

Сите овие недостатоци се е доволни (а има и други кои не се набројани) за да се сфати дека наредните пет години мора максимално да се искористат за да се подобрат состојбите врзани за културата во градот.

Тоа не значи правење на некакви „Потемкинови села“, туку реално средување на градот, како во однос на објектите така и на генералните услови за уметниците кои творат во градот. Таа задача сега ја имаат како градските така уште повеќе и државните власти.

И треба да се почне со работа уште од денес. Оти знаеме како бавно, бавно се завршуваат работите во Македонија.

Претходна вестАзербејџан прогласи победа над Ерменците од Нагорно Карабах
Следна вестДански Алборг убедливо го совлада Еурофарм Пелистер со 38:23