Нема извештај за трошоците во кампањата, нема пари од Буџет, а ќе има и казни

Државниот завод за ревизија денеска преку соопштение ги потсети сите учесници во изборната кампања дека се должни во рок од 20 дена од денот на настапување на предизборниот молк за првиот круг, односно до 4 ноември 2021 година, да поднесат Извештај со спецификација на трошоците за приходите и расходите на трансакциската сметка за изборна кампања од денот на нејзиното отворање до завршувањето на првиот изборен круг.

Од ДЗР истакнуваат дека ако не бидат доставени вакви извештаи можат до Државната изборна комисија да достават барање за суспензија на исплатата на надоместокот на трошоците за финансирање на изборната кампања за локалните избори за 2021 година кои им се исплаќаат од Буџетот на учесниците во изборната кампања.

Исто така,  согласно одредбите од член 189 став 4 од наведениот Закон пропишана е глоба во износ од 9.000 евра во денарска противвредност која ќе им се изрече за прекршок на политичка партија, коалиција односно независен кандидат ако не поднесат извештај за финансирање на изборната кампања во предвидениот рок од членот 84-б од Изборниот законик, потсетува ДЗР.

Претходна вестАнтикорупциска не виде проблем што фирмата на партнерот на Царовска добива тендери од Град Скопје
Следна вестПоднесени приговори за гласањето во Старо Нагоричане, Шуто Оризари, Конче и Кочани